Кој е новинарот што го праша Зеленски зошто не облекол одело?


Дописникот од Белата куќа, Брајан Глен, го критикуваше украинскиот претседател Володимир Зеленски затоа што не носел костум во Овалната соба по напната средба меѓу претседателот на Украина и администрацијата на Трамп.

Непосредно пред претседателот Доналд Трамп и Зеленски да имаат експлозивна размена во Белата куќа, Глен, про-Трамп-новинар кој претходно работеше за Right Side Broadcasting, му порача на Зеленски дека покажува непочитување кон Овалната канцеларија со тоа што не носел костум за време на посетата.

Трамп и потпретседателот Џеј-Ди Венс беа забележливо насмеани додека Глен го критикуваше Зеленски за неговата облека, додека државниот секретар Марко Рубио можеше да се види со сериозен израз.Претходно на оваа бизарна епизида од шоу водителствоти на Трамп, претседателот му рече на Зеленски дека „му се допаѓа облеката што ја носи“. 

ГЛЕН: Дали некогаш носиш костум? Зошто не носиш костум? Вие сте на највисоко ниво во канцеларијата на оваа земја и одбивате да носите костум. Дали поседувате костум?

ЗЕЛЕНСКИ: Имам други проблеми.

ГЛЕН: Многу Американци имаат проблеми со тоа што не ја почитувате оваа канцеларија.

ЗЕЛЕНСКИ: Ќе носам костим откако ќе заврши оваа војна. Да,можеби.

ГЛЕН: Можеби вакво нешто?

ЗЕЛЕНСКИ: Можеби нешто слично на твоето. Можеби нешто подобро, не знам. Ќе видиме. Можеби нешто поевтино.

Некои од екстремната десница го нападнаа Зеленски поради неговата облека, која откако Русија ја нападна неговата земја и започна брутална војна е темнозелен џемпер со украинскиот трозабец на градите – за разлика од традиционалниот костум што го носат повеќето светски лидери.

Глен е партнерот на републиканската конгресменка Марџори Тејлор Грин и е медиумска звезда во подем откако Трамп дојде на власта. Тој е национален дописник на екстремно десничарската мрежа Real America’s Voice  и може да се види на заеднички фотографии со Грин, Трамп и Џеј Ди Венс  поради што неговиот настап  кон Зеленски беше протолкуван како замка.