Кој е непознатиот Боб Шелтон кој стигна до четвртфиналето на Австралија опен


 

Во сенката на мечевите на Новак Ѓоковиќ, неверојатните драми на Енди Мареј или раните порази на Рафаел Надал и Данил Медведев едно име речиси непознато за пошироката јавност стигна до четвртфиналето на првиот гренд слем сезонава – Австралија опен.

Бен Шелтон.

Со денешната победа од 3:2 во сетови на Американецот против неговиот сонародник Џ.Џ. Волф Шелтон стана име за кое се шепоти гласно во тениските кругови. Тој е 89. на листата на АТП, а досега нема излезено надвор од Америка на тениско натпреварување. Патот во Мелбурн му е првиот турнир надвор од државата.

Брзиот напредок во кариерата на 20-годишниот Шелтон дојде откако тој во 2022 година одлучи професионално да се знамива со тенисот. Тој е син на поранешниот професионален тенисер Брајан Шелтон. Младото момче родено во Атланта почна да игра редовно тенис како 12-годишно дете. И неговата мајка Лиза Шелтон играше тенис.

Тој се приклучи на тениската програма на Универзитетот во Флорида и имаше намера да се врати на колеџ во 2023 година за да ги заврши студиите. Сепак, по неверојатната победа на Мастерсот во Синсинати против светскиот рекет број 5 Каспер Руд, тој одлучи да стане професионалец и да ја заврши својата диплома преку интернет.

Потоа го имаше своето деби на УС Опен, каде што загуби во првото коло како вајлд-карта.

Најдоброто оружје на Шелтон е неговиот сервис. Тој има способност да погоди голем прв сервис, кој во просек изнесува 202 километри на час. Има силен и втор сервис. Леворак играч, Шелтон е моќен и доследен и со форхенд и со бекхенд ударите. Сака да излегува на мрежата. „Сакам да стигнам до мрежата, да можам да користам некои од моите вештини со рака, атлетски вештини“. Тоа значи дека играта сервис-волеј е важен дел.

Неговата девојка, Ана Хол, е пославна од него. И таа е спортист, атлетичарка во седмобој и репрезентативка на САД. Таа освои бронзен медал на Светското првенство во атлетика.