Кој е најпосакуван автомобил на годината-доделени наградите Златно тркало 2022


Во постпразнично издание, во вторник (26.04.2022), во присуство на голем број претставници од автомобилската индустрија во Македонија, најпосакуваните автомобили беа ставени на пиедестал и беа во главен фокус на најдоброто од македонскиот пазар во склоп на традиционалниот Избор за најпосакуван автомобил во земјата, „Златно тркало 2022“.

 Во склоп на годинешното издание на изборот „Златно Тркало“, учествуваа 16 врвни автомобили, кои креираа повеќе од 12.000 гласања, коишто ги одредија најпосакуваните во вкупно 5 категории.

 Златните статуетки беа доделени на 5те најпосакувани автомобили, односно:  
1.      Најпосакуван градски автомобил – Peugeot 308,
2.      Најпосакуван семеен автомобил –  Kia Sportage,
3.      Најпосакуван електрифициран автомобил – Volkswagen ID.4,
4.      Најпосакуван премиум автомобил – Porsche Taycan Cross Turismo,
5.      Најпосакуван автомобил во Македонија – Volkswagen ID.4.