Кој е најлесниот начин да ги отстраните дамките од кафе од облеката?


И за овие тврдоглави дамки постои едноставно решение.

За овој трик ви треба:

– хартиена крпа

– подлабок сад

– 100 мл алкохолен оцет

– топла вода

– стара четка за заби

– една кафена лажичка детергент за садови

Со хартиена крпа обидете се веднаш да ја извадите течноста што е истурена.

Истурете топла вода во сад, а потоа натопете го парчето облека што е валкано, истурете оцет и детергент.

Промешајте и оставете да отстои 30 минути.

По 30 минути исчистете ја дамката со четка, а потоа измијте ја облеката во сад по вообичаената процедура.

Ако дамката се уште е видлива, повторете ја постапката додека ткаенината е влажна.