Кој е Мекензи Мекдоналд, 65. на АТП листата, кој го исфрли Надал од Австралија опен?


Австралија– Повредата што ја заработи при крајот на вториот сет навистина влијаеше на Рафаел Надал да го загуби мечот од 2. коло на Австралија Опен, но не смее да ја засени одличната игра на неговиот ривал Мекензи Мекдоналд!

Американецот беше нерешлива енигма за Рафа, поведе со 1-0 во сетови и 5-3 по прекинот во вториот пред Надал да се пожали на повреда.

Американецот, кој има британски и кинески корени, ја постигна својата најголема победа во кариерата на 28-годишна возраст – исфрлајќи го првиот носител во Мелбурн како 65-ти на АТП-листата.

Многумина се сеќаваа на Американецот откако на Ролан Гарос пред три години беше поразен од Рафа за само 100 минути игра (6:1, 6:0, 6:3). Тој рече „Го чекам Надал на тврд терен, ќе биде поинаку од денес…“. И тоа беше, затоа тенискиот свет одеднаш почна да се прашува кој е Мекдоналд, што има постигнато досега…

Мекдоналд никогаш во кариерата нема освоено ниту еден АТП турнир, додека на Грен слем турнирите два пати стигна до 4. коло. Токму тука на АО пред две години, како и на Вимблдон во 2018 година.

Почнал да тренира тенис на тригодишна возраст, кога татко му го запишал на часови кај легендарната Рози Барис.

Мекдоналд во првото коло го совлада Брендон Накашима по четири часа игра и пет сета, а по тој меч истакна дека ќе биде меч за паметење со Рафа. На крајот беше во право, а колку добро одигра говори и фактот што Шпанецот го пофали на прес конференцијата.