Кој е Џонатан Андик? Синот наследува модна империја „тешка“ 4,5 милијарди долари


Трагичната смрт на 71-годишниот Исак Андик, кој почина минатиот викенд на ридот Монсерат додека планинареше во близина на Барселона, лизгајќи се во бездна додека се спушташе кон пештерата Салнитре што сакаше да ја посети, отвори многу прашања за иднината на шпанската модна куќа Манго, на Андик како основач и косопственик, а кој во последните четири децении ја промовираше во глобално препознатлив бренд.

Најголемиот поединечен акционер на Манго зад себе остави лично богатство проценето на 4,5 милијарди долари, а оваа пролет беше претставена со гала церемонија од кралот Фелипе Шести. Андик, во таа прилика, добил одликување за претприемништво и непроценлив придонес во развојот на шпанската текстилна индустрија.

Во моментот на неговата смрт, најбогатиот Каталонец, кој се пресели во Барселона во 1969 година од родниот Истанбул, беше придружуван од неговиот 43-годишен син Џонатан Андик од бракот со неговата поранешна сопруга Нојс Раиг Тараго. Со неа тој имаше 40-годишна ќерка Џудит Аранго и 27-годишна ќерка Сара Андик, а во последните години, според шпанските медиуми, бил во врска со каталонската стилистка Зенаида Буфил Комадран. 

Исак Андик за свој наследник го одредил својот син Џонатан во 2013 година, кога го назначил за член на управниот одбор и за потпретседател на компанијата задолжен за развој, но тогаш не се прославил, па Исак Андик морал да си ја врати целосната контрола на компанијата по две години последователни загуби.

Како и да е, сега сите очи се насочени кон Џонатан, кој деветнаесет години е вработен во Манго, а во семејната компанија се вратил откако студирал науки за аудиовизуелна комуникација во САД. После тоа, тој го заврши курсот за сметководство и управување со финансии на Бизнис школата IESE, а кариерата ја започна во Манго во 2005 година. Првите две години учел за процесот на креирање, дизајнот на колекцијата и управувањето со тимот, а во 2007 година започна машка линија Mango Man. Тоа беше голем предизвик во компанија која дотогаш се фокусираше исклучиво на женска облека.

Успехот на синот го убедил Исак Андик дека може безбедно да му го препушти управувањето со целата компанија, но под негово водство во 2015 година профитот се стопи за неверојатни 96 проценти. Затоа го врати Џонатан Андик на позицијата шеф на машката линија на брендот, каде што го затекна смртта на неговиот татко.

Помладата сестра на Џонатан, Џудит Андик, која студирала моден дизајн на Европскиот институт за дизајн во Барселона, учествувала во создавањето на линиите Mango Premium и Committed, но досега одбивала да ги преземе менаџерските функции во Mango.

Најмладата ќерка Сара Андик дипломирала моден дизајн на престижниот институт „Марангони“ и била вклучена во развојот на брендови како „Тус“ и „Аристокрази“.