Кои се ТОП 10 компании во земјите во регионот, „Џонсон Мети“ е најголема во Македонија


Регионалната медиумска и аналитичка куќа SeeNews деновиве го објави извештајот ТОП 100 ЈИЕ, во кој се наведени 100-те најголеми компании во регионот на Југоисточна Европа.

Но, во извештајот поединечно се наведени 10-те најголеми компании во секоја од земјите. Интересно е да се види кои се најголемите компании во земјите од поранешна Југославија.

Може да се види дека тоа се главно компании кои се занимаваат со трговија или со производство на електрична енергија и нафта, телекомуникациски оператори и трговски синџири.

Во Северна Македонија, најголема компанија е Џонсон Мети ДООЕЛ со околу 1,9 милијарди евра. Станува збор за оддел на британската компанија која е водечки светски производител на катализатори за контрола на емисиите на издувни гасови од возилата. Во десетте најголеми се и Окта, Макпетрол, Кромберг и Шуберт Македонија, ЕВН Македонија, Електрани на Северна Македонија (ЕЛЕМ), Ван Хул Македонија, Македонски Телеком, Еуроникел индустри и синџирот маркети Кам. 

 

Како што е наведено, десетте најголеми компании во Босна и Херцеговина според вкупните приходи во 2019 година се: Холдина, Бинго, Електропривреда, Арцелор Миттал, Бореас, Г-Петрол, Хифа-Оил, Оптима Груп, Петрол БХ Нафтена компанија и МХ ЕРС МП (Електропривреда РС).

ИНА е најголемата компанија во Хрватска со 2,9 милијарди евра, а ја следат Хрватска електропривреда и Конзум.

Во Србија, државната Електропривреда е исто така најголемата компанија со околу 2,5 милијарди евра годишни приходи, следена од Нафтената индустрија на Србија.

Во Словенија најголема компанија е нафтениот / гасниот гигант Петрол со 3,6 милијарди евра.

Најголемата компанија во Црна Гора е „Електропривреда Црно Горе“ со 337 милиони евра, по што следи малопродажниот синџир „Воли трејд“. На трето место е кинеската компанија ЦРБЦ, која е главен изведувач на работите на автопатот Бар – Боjаре. Во четвртиот ХДЛ Лаковиќ, следен од Југопетролм Бемакс, Меркатор ЦГ, Домаша Трговија. Националната авиокомпанија Монтенегроирлајнс е на деветтото место, а Црногорски Телеком влезе во ТОП 10 на компаниите од оваа земја.