Кои се новите градоначалници во српските општини во Косово


На изборно место во Косовска Митровица

 

На изборите на северот на Косово за градоначалници на четири  општини – Северна Митровица, Звечан, Лепосавиќ и Зубин Поток излезноста беше толку ниска што процентот е на ниво на грешка.  На изборите гласаа 1.567 граѓани, или 3,47 отсто.

Но и со толку малку гласови избрани се градоначалници. Бидејќи Српската листа ги бојкотираше изборите градоначалници се припадните на партиите на Албанците во Ксоово.

Најголем број гласови за градоначалник на Северна Митровица доби кандидатот на владејачката партија Самоопределување, Ерден Атиќ – 66,5 отсто, односно 519 гласа, пишува КоССев.

Според првичните резултати, нов градоначалник на Зубин Поток е Измир Зеќири од Демократската партија на Косово (ПДК) со 52,1 отсто или 196 гласа.

Иљир Пеци од ПДК во Звечан освои 60,7 отсто од гласовите, Фетах Пеци 37,4 или 71 глас, а единствената кандидатка од српската заедница, Слаѓана Пантовиќ, освои 2,6 отсто или 5 гласа.

Градоначалник на Лепосавиќ е Љуљзим Хетеми со 73,5 отсто или 100 гласови,. Партијата на косовските Срби, која не учествуваше на изборите, а беше на гласачкото ливче, освои 1,5 отсто, односно за нив гласаа двајца.