Кои се новите локалитети на списокот на светско наследство на УНЕСКО?


Азербејџан- Древниот град Вавилон и Исландскиот национален парк преполн со ледници, ледени пештери и вулани се некои од новите локалитети кои се најдоа на списокот на светско наследство на УНЕСКО.

Комитетот за светско наследство на седницата во Баку ги објави првите локалитети кои ќе бидат под заштита на УНЕСКО, а повеќе од нив ќе бидат познати во текот на викендов, пренесе Гардијан.

На списокот има повеќе од 1000 локалитети од светот, некои култури, некои природни, а некои се истовремено и културно и природно наследство. Тие се избрани поради вредностите кои ги содржат за човечкиот род.

Можеби најпознатиот локалитет кој беше додаден на списокот е градот Вавилон во Ирак. Градот првпат се спомнува во 23 век пред новата ера и е можно во него да постоело и едно од седумте светски чуда на стариот свет – Висечките градини.

Иако Вавилон има блескава историја преполна со палати и храмови, денес многу малку од древното време може да се види, а и она што е останато има претрпено значителни штети.

Садам Хусеин изгради реплика од палатата, а американските воени сили на тоа подрачје во текот на војната ги разбија древните плочници со своите возила и полнеа вреќи со материјалот, а кој содржеше и археолошки фрагменти.

Меѓу локалитетите кои се вброени во списокот на УНЕСКО се и Хирканските шуми во Иран, древната металуршка работилница во Буркина Фасо, Охридскиот регион на Албанија, кој е продолжение на македонската страна на Охридското езеро, која се наоѓа на списокот од 1979 година, стои во одлуката.

Популарни дестинации во Бразил, Парати и Илха Гранде се исто така вброени на списокот на светско наследство.

Меѓу новите локалитети под заштита на УНЕСКО е и Националниот парк Ватхајокул на Исланд. Основан во 2008 година, паркот покрива 14 отсто од земјата и генерално е распространет  на југоисточните централни планини, опфаќајќи ја ледената капа Ватхајокул.

Со вулканите, земјотресите, топењето на глечерите, кратерите и геотермалната активност, локацијата е на граница на драматичност, а документот на УНЕСКО за номинацијата ја опишува како „подрачје со алармантни природни судири, ама и зачудувачка хармонија“.

Резерватот е дом не само за птиците преселници, туку у за бројни видови риби и ракови, а може да се пофали и со богат екосистем.