Кои се најголемите купувачи на руска нафта?


„Форбс“ објави список на најголеми купувачи на руска нафта минатата година. На врвот на листата се најде кинеската нафтена корпорација на „Чајна оил“.

„Чајна оил„ најмногу купува нафта од „Росњефт“, 39,7 милиони тони. Таа за оваа количина  одвојува 18,3 милијарди долари. Според списанието, Кина во 2019 година постави нов рекорд за увоз на нафта. Во споредба со 2018 година, испораките се зголемени за 9,5 проценти и достигнаа 500 милиони тони, додека се одржува статусот на најголем купувач на руска нафта.

Првите четири места на списокот останаа непроменети од минатата година. Второто место му припадна на швајцарскиот трговец „Лукоил Литаско“, кој минатата година купи 38,3 милиони барели нафта за 17,4 милијарди долари.

На третото место е „Роснефт трединг“, кој купи 28 милиони тони за 12,5 милијарди долари.

На четвртото место е „ќерката“ на француски „Тотал“ со 22 милиони тони, вредна 10,2 милијарди долари. На петто место е приватната кинеска компанија СЕФЦ (9,3 милиони тони за 4,5 милијарди долари), пренесува Спутник.

Во првите 10 влегоа и швајцарскиот „Гленкор“ и британскиот „QHG трединг“.