Кои се десетте најдобри работодавци во светот во 2020 година


Во соработка со компанијата за истражување на пазарот „Статиста“, списанието „Форбс“ состави список на најдобрите работодавци во светот за 2020 година.

Биле анкетирани 160.000 работници од 58 земји кои работат за компании кои дејствуваат во повеќе држави или региони. Анкетите биле спроведени континуирано од јуни до јули, а од учесниците било побарано да ја оценат својата подготвеност да им ги препорачаат сопствените работодавци на пријателите и семејството.

Од нив, исто така, било побарано да го оценат сопственото задоволство од одговорот на нивните работодавци на пандемијата од корона вирусот и да ги оценат работодавците врз основа на имиџот, економскиот отпечаток (економско влијание на корпоративните активности), развојот на таленти, родовата еднаквост и општествената одговорност.

Конечниот список се состои од 750 мултинационални и големи корпорации со седиште во 45 земји.

Според ранг-листата на „Форбс“, ова се 10-те најдобри работодавци во 2020 година:

1. Самсунг електроникс

2. Амазон

3. ИБМ

4. Мајкрософт

5. ЛГ

6. Епл

7. Адоб

8. Алфабет

9. Сименс

10. Бош