Кои се 33-те заложници што ќе ги ослободи Хамас?
Имињата на 33 заложници кои треба да бидат ослободени во првата фаза од прекинот на огнот меѓу Израел и Хамас сега станаа јавни. Семејствата го задржуваат здивот – никој не знае кој ќе се врати жив, повреден или мртов. Ова е само почеток на нивните неколкунеделни маки.
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека израелските заложници држени во Газа ќе бидат ослободени во недела, како дел од договорот на неговиот кабинет за прекин на огнот со Хамас.Враќањето на заложниците ќе означи почеток на трифазен договор за прекин на огнот меѓу Израел и милитантната група, со што ќе се стави крај на 15-месечната војна во која беа убиени над 46.600 Палестинци што е десетпати повеќе во сите претходни конфликти од 2008 година, а територијата е опустошена.
„Со одобрување на кабинетот и владата и спроведувањето на договорот, ослободувањето на заложниците може да продолжи според планираната рамка, а заложниците се очекува да бидат ослободени најрано во недела“, соопшти кабинетот на Нетанјаху. Доколку договорот се оствари, на стотици илјади раселени Палестинци ќе им биде дозволено исто така да се вратат во своите домови во Газа.
Договорот, постигнат со посредство на меѓународни партнери, вклучувајќи ги САД, Египет и Катар, следи по повеќе од 15 месеци конфликт што започна на 7 октомври 2023 година, кога терористите на Хамас упаднаа во јужен Израел, масакрирајќи над 1.200 Израелци и земајќи 251 заложници. Ова е првиот дел иод преостанатите стотина што се уште ги држи Хамас, а за кои не се знае колку се живи.