Kои два симптоми за време на прошетка може да укажуваат на проблеми со срцето?


Низ целиот свет, вклучително и во Македонија, кардиоваскуларните болести се водечка причина за смртност, тие се одговорни за речиси 18 милиони смртни случаи годишно во светот.

Ова ги вклучува состојбите кои влијаат на срцето и циркулаторниот систем како што се мозочни удари, коронарна срцева болест и срцева слабост. Многумина од нас се свесни за некои од почестите симптоми, како што е болката во градите. Но, другите се помалку познати и помалку очигледни.

Во некои случаи, овие симптоми може да се појават на невообичаени делови од телото – вклучувајќи ги и нозете. Постојат два предупредувачки знаци на кардиоваскуларни болести кои можат да се појават во нозете, а тие стануваат уште поочигледни кога одите. Тоа се болки во нозете и оток.

Болка во нозете
Британската фондација за срце (BHF) ја наведува болката во нозете како еден од клучните знаци на срцеви заболувања.
Професор по кардиологија Дејвид Њуби од Универзитетот во Единбур, објасни ако почувствувате грчеви во листовите додека одите, можеби би требало да го посетите својот лекар, затоа што тоа може да биде маркет
ПАД (периферна артериска болест).

Отекување на нозете
NHS наведува дека отекувањето на нозете е еден од најчестите знаци на срцева слабост. Медицински, ова е познато како едем и може да се појави и во зглобовите. Утрото може да биде помало, а подоцна во текот на денот да се влоши.

„Конгестивната срцева слабост предизвикува една или двете долни комори на срцето да престанат добро да пумпаат крв. Како резултат на тоа, крвта може да се врати во нозете, глуждовите и стапалата, предизвикувајќи едем. Исто така, може да почувствувате оток во стомакот како резултат на срцева слабост“, велат од клиниката Мејо