Кого уби терористот во Виена – меѓу жртвите келнерка и случаен минувач
Во терористичкиот напад во Виена што во понеделникот го изврши Албанец со потекло од Македонија, Кујтим Фејзулаи, убиени се и двајца странски државјани.
Се работи за една Германка и еден државјанин на Македонија.
Терористот, кого полицијата го уби, со огнено оружје усмрти четири лица.
Меѓу жртвите се и еден 39-годишен Австриец и една 44-годишна Австријка.
Другите жртви се 24-годишна Германка и 21-годишен државјанин на Македонија.
Германката била келнерка, која Фејзулаи ја убил пред локалнот во кој работела, а Македонецот бил минуач кого терористот го уби на улиците на ткн. „Бермудски триаголник“, дел од центаорт на Виена познат по бројните кафулиња, пабови и барови.
Австриецот е убиен пред еден локал за брза храна на плоштадот „Шведенплац“, а жената која беше четврта жртва, почина во болница, пренесува Танјуг.
Во текот на својот крвав поход на улиците во центарот на Виена, исламистот повреди уште 23 лица, на возраст меѓу 21 и 43 години, соопшти полицијата на Австрија.
Од нив 13 имаат рани од куршум, а другите напаѓачот ги повреди во текот на бегството.
Повеќето повредени се Австријци, но меѓу нив има и државјани на Германија, Словачка, Луксембург, Авганистан и Босна и Херцеговина.
Уште три лица се на интензивна нега, меѓу кои и еден полицаец на кого пукал напаѓачот, а десетмина повредени се во болница на одделени. Другите се пуштени на домашно лекување.