Коце Трајановски негира дека го дал СРЦ на Општината Сарај


Поранешниот скопски градоначалник, Коце Трајановски, побара од актуелниот Петре Шилегов да го покаже документот, доколку постои, дека СРЦ „Треска“ е дадена на управување од Град Скопје до Општина Сарај. Ваквата реакција на Трајановски во емисијата „Утрински брифинг“ следува по тврдењето на Шилегов дека во 2011 Градот Скопје донел одлука со која што ја префрла надлежноста на Општина Сарај за СРЦ Треска.

-Тоа не е точно, нека го извади Шилегов тој документ, нека ја извади таа одлука и нека ја покаже јавно на граѓаните кога со одлука Советот на Град Скопје ја предал надлежноста на СРЦ Треска од Град Скопје на Општина Сарај. Нешто кога ќе ветиш треба да оствариш, или ако не оствариш, тогаш треба да се извиниш и треба да кажеш кои се причините поради кои што тоа не може да се оствари“, вели Трајановски.

Неговите убедувања се дека на оваа локација во иднина ќе се градат хотели и индивидуални куќи.

-Езерото Треска оваа влада го пренамени од земјоделско во градежно земјиште. Тоа јасно зборува дека таму сака да се направи некоја градежна експанзија. Тоа таму да не биде веќе СРЦ Треска, туку таму да има многу објекти, односно хотели, индивидуални куќи, смета Трајановски.