Кнаус : Европска економска зона е подобра од статус кво


Претседателот на Европската иницијатива за стабилност, Гералд Кнаус, тврди дека Европската економска зона, што ја предлага тој за Македонија и другите земји од регионо0т, е подобра од сегашното статус кво.

„Со овој предлог европската интеграција на балканските земји ќе напредува. Ние предлагаме Европската Унија да отвори пристапни преговори со шест земји од Западен Балкан за пристапување на европскиот единствен пазар, најголем во светот, со својата слобода на движење на луѓето, капиталот, добра и услуги. Ние предлагаме да се промени начинот на кој овие разговори се одвиваат, да ги направиме фер и трансформативни.

Крајната цел е секоја балканска земја која ги пресретнува условите да биде поврзана блиску до ЕУ како Норвешка, во таканаречената Европска економска зона. Самото зачленување во Европската економска зона е добра работа. Норвешка која е богата земја се уште и плаќа многу на ЕУ за тоа да биде дел од Европската економска зона, бидејќи нуди предности за нејзините граѓани и економија. Се разбира, Западниот Балкан не е богат и му треба помош за да ја стигне, па затоа ЕУ треба да ги зголеми грантовите и помошта, и да му дозволи да се приклучи на единствениот пазар. Зошто? Бидејќи стабилен, демократски, просперитетен Балкан е во интерес на ЕУ“, вели Кнаус за Нова ТВ.