Клуб 27: Млади, славни и мртви


Многу славни и познати личности починаа во 27 година од животот, а некои од нив се и Курт Кобејн, Ејми Вајнхаус, Џенис Џоплин, но и многу други. Поради тоа симболично е оформен и „клуб 27“

САД- На почетокот се однесувал на познатите музичари кои починале на 27 години, како што се Џими Хендрикс и Џим Морисон, но во последните неколку години опфаќа и други уметници како што се Антон Јелчин и Жан – Мишел Баскија.

Сепак, бројот 27 е доста популарен, а во продолжение ви наведуваме некои познати и славни личности кои починале токму на 27 години.

1. Курт Кобејн (1967 – 1994)

Еден од основачите нa светски популарната група Nirvana беше на самиот врв на светската рок сцена пред да се самоубие во својот стан на 27 години. Причините до ден денес не се откриени.

2. Ејми Вајнхаус (1983 – 2011) 

Најпродаваниот британски албум на 21 век е ремек делото на Ејми Вајнхаус „Back to Black“ од 2006 година, а пејачката почина само три години подоцна, исто така на 27 години од предозирање со алкохол.

3. Џим Морисон (1943 – 1971)

Фронтменот на групата The Doors беше вистинска рок икона во 60 – тите години од минатиот век. Познат не само по своите музички дела туку и револуционерен карактер и мисли кои засекогаш ќе останат запаметени. Морисон беше пронајден мртов во када во стан во Париз на само 27 години, а причините за неговата смрт никогаш не се откриени.

4. Жан – Мишел Баскија (1960 – 1988)

Неоимпресионист и графички уметник кој постигна голема слава, а почина од предозирање од хероин во уметничкото студио во Менхетен.

5. Џенис Џоплин (1943 – 1970)

Една од најголемите рок пионерки, Џенис исто така почина од преголема доза на хероин. Нешто помалку од една година после тоа, беше објавен нејзиниот албум Pearl, кој веднаш се искачи на самиот врв на музичките топ листи на Билборд.

6. Џими Хендрикс (1942 – 1970)

Најдобриот гитарист на сите времиња и човекот кој за само четири години музичка кариера го достигна врвот на тогашниот рок. Со својата гитара свиреше блуз, R&B, џез, рокенрол. Во официјалното соопштение стои дека тој се предозирал од таблети за спиење, но таа верзија никако не беше убедлива кај јавноста, па попрецизни информации околу неговата смрт се уште не се познати.

7. Брајан Џонс (1942 – 1969)

Првобитниот основач и лидер на Rolling Stones е тргнат од таа позиција во 1969 година, за потоа Кит Ричардс и Мик Џегер да го преземат неговиот правец. За помалку од еден месец потоа Џонс е пронајден мртов во базен.

8. Антон Јелчин (1989 – 2016)

Јелчин стана познат после појавувањето во мини – серијата од 2002 година „Taken“ кога имаше 12 години. Неколку години подоцна, ја глумеше и својата најпопуларна улога – како Павел Чеков во „Star trek“. Актерот почина во сообраќајна несреќа на 27 години.

9. Бенџамин Кео (1993-2020)

Бенџамин Кео, син на актерката Лиза Мари Присли и внук на кралот на рокенролот Елвис Присли, почина на 27 години. Се самоуби со пушка во бањата каде е пронајден неговиот вујко Присли.Не се откриени мотивите за неговото самоубиство.