Клоп со потценувачка изјава: „Камп Ноу“ не е фудбалски храм


Ливерпул утревечер гостува на „Камп ноу“ кај Барселона во првиот полуфинален меч од пресметката со Барселона во Лигата на шампионите. Според тренерот на англискиот тим, Јирген Клоп, атмосферата на стадионот на Барселона не треба да ги импресионира неговите избраници.

„’Камп ноу’ е само стадион, кој е малку поголем од другите, но тоа не е храм на фудбалот. Точно дека некои тимови имаат проблеми да играат тука и се мачат против Барселона. Ние ќе го почувствуваме тоа утревечер, но нема причини за страв. Се надеваме дека ќе играме добро“, изјави Клоп.

Натпреварот Барселона – Ливерпул се игра утре од 21 часот.