Клоп се жали од раниот старт на сезоната

Менаџерот на европскиот клупски шампион Ливерпул, Јирген Клоп го изрази своето незадоволство од раниот старт на сезоната оваа година во Англија.

„Црвените“ играат со Манчестер Сити за „Комјунити Шилд“ утре, два месеци по победата над Тотенхем во финалето на Лигата на шампионите.

– Оваа тема треба да ја започне некој. Зборував со Карло Анчелоти – Италија исто така има 20 екипи и сезоната започнува на 24 август. Калиду Кулибали играше заедно со Садио Мане за Купот на африканските нации и има 4 недели одмор. Тој не ни приближно да се враќање. Не знам зошто започнуваме толку рано. Го сакам фудбалот, сакам да играм секоја недела и од моја гледна точка можеме да го сториме тоа, но некој мора да размислува за играчите и очигледно никој не го прави тоа. Од време на време ја покренувам оваа тема и потоа тие велат: „О, тој бара изговори“. Ние мора да размислиме за овие работи и никој, особено во Англија, не го прави тоа, заклучи Германецот.