Клоп: Очекував таков резултат во Манчестер, титулата ќе се реши во последниот круг


Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп, изјави дека очекувал таков резултат од дербито на Манчестер.

„Граѓаните“ победија со 2-0 на „Олд Трафорд“, и се искачија на првото место. Клоп сака неговиот тим да ги освои следните два натпревари за да ја задржи неизвесноста до последниот круг. Германецот истакна дека ова е само почеток и оваа сезона е првата, а не последната, во која неговиот тим ќе се бори за титулата.

– Ако победиме на следните два натпревари, тоа ќе значи дека титулата ќе биде решена во последниот круг, што е нешто многу посебно. Токму на тоа се концентрираме. Го очекував овој резултат во дербито на Манчестер. Јунајтед се обидуваше со се што можеше, особено во првото полувреме, но беше јасно дека не можеа да му се спротистават на Сити. Во одредени моменти немаа среќа, изјави Клоп на денешниот прес.

Според него, двата тима ја заслужуваат титулата оваа година, но тоа не може да се случи.

– Ние ќе бидеме во битката до самиот крај. Не играме само за да станеме шампиони, иако тоа е една од големите цели. Но, не се бориме за последен пат за титулата, туку за прв пат. Клубот и навивачите чекаат долго време. Малку е изненадувачки што сме во битката, со оглед на тоа дека заостанувавме 25 поени минатата сезона. Претстојат три натпревари за да се освојат. Тоа е“, вели стратегот на „црвените“.

Германецот беше прашан и за гласините за Лоренцо Инсиние кои категорично ги отфрли: „Нема да го привлечеме Инсиние. Тој е многу добар фудбалер, но има долгорочен договор со Наполи, па нема ни да се обидеме“.