Клои Кардашијан и Тристан Томпсон го очекуваат второто дете


САД– Клои Кардашијан и Тристан Томпсон го очекуваат своето второ заедничко дете со помош на сурогат мајка. Тие веќе се родители на 4-годишната ќерка Тру.

„Можеме да потврдиме дека Тру ќе има брат или сестра кој е зачнат во ноември. Клои е неверојатно благодарна на извонредниот сурогат за таков прекрасен благослов. Би сакале да побараме љубезност и приватност за да може Клои да се фокусира на своето семејство“, изјави претставник за Кардашијан.

Извор близок до поранешната двојка потврдува дека бебето било зачнато пред скандалот со изневерувањето на Томпсон во декември, кога беше откриено дека тој имал дете со друга жена. Кардашијан не е повторно заедно со НБА играчот и тие комуницираат за кородителските работи, додава изворот.

Ко-основачката на Good American беше отворена за тоа дека сака повеќе деца и претходно ја истражуваше опцијата за сурогат мајчинство со Томпсон. Во тоа време тие беа заедно.

Томпсон првпат беше вмешан во скандал со изневерување во 2018 година, која во тоа време била негова свршеница, додека била бремена. Двојката се смири но повторно се разделија кога беше објавено дека ја изневерил со поранешната БФФ на Кајли Џенер, Џордин Вудс.

Томпсон и Кардашијан повторно се здружија за време на пандемијата. Нивната врска повторно беше прекината кога минатата година беше откриено дека Томпсон изневерувал – афера што резултираше со бременост. Жената Марале Николс го роди синот Тео во декември, со што Томпсон стана татко по трет пат. Тој има и син Принц (5) со поранешната девојкат Џордан Крег.

Финалето на сезоната на Кардашијан во јуни ја долови реакцијата на реалити ѕвездата на вестите за Николс. Таа го нарече однесувањето на Томпсон „одвратно“ и „понижувачко“.

„Дознавам што прави Тристан со остатокот од светот“, сподели Khloé. “Јас сум засрамена.”