Клое Кардашијан по втор пат позитивна на ковид, сега и тригодишната ќерка Тру


САД– Клое Кардашијан и нејзината 3-годишна ќерка, Тру Томпсон, се позитивни на Ковид-19. Ова е втор пат риалити ѕвездата га се зарази со вирусот.

37-годишната Кардашијан ја сподели веста на социјалните мрежи вчера бидејќи треба да ги откаже претстојните настапи во печатот.

„Среќа што сум вакцинирана, па се ќе биде во ред“, напиша таа. „Ќе бидеме овде во карантин и ќе ги следиме тековните упатства“. Ваквите случаи на Ковид-19 се ретки, но можни.

Variety во четвртокот објави дека е во тек продукцијата на новата реална серија на Hulu за познатото семејство.

На Кардашијан и беше дијагностициран Ковид-19 уште на почетокот на пандемијата. Ко-основачката на Good American прозборе за нејзината физичка и емоционална борба со коронавирусот на Keeping Up With the Kardashians. Таа мораше да се стави во карантин подалеку од Тру, нарекувајќи го тоа „најтешката работа“ што „морала да ја направи од кога станала мајка“.