Климатски активисти го обоија британското Министерство за финансии во црвено


За време на протест во Лондон, климатски активисти со противпожарно возило ја испрскаа со црвена боја фасадата на британското Министерство за финансии во Лондон.

Активистите пристигнаа до Министерството во противпожарно возило, и со цревото за гаснење пожари ја испрскаа зградата во црвена боја.

Четворица активисти се качија врз возилото на кое пишуваше: Престанете да ја финансирате смртта на климата“.