Клер Вејт Келер, дизајнерката на венчаницата на Меган Маркл, го напушти Живанши


Франција- Клер Вејт Келер, британската дизајнерка која ја облече Меган Маркл за нејзината свадба во 2018 година, ја напушти позицијата креативен директор во „Живанши“.

Women’s Wear Daily пренесува дека Вејт Келер заминува од модната куќа по тригодишен договор, и дека куќата ќе објави нова „креативна организација“ наскоро. Вејт Келер беше првата жена што го водеше луксузниот бренд  од основањето во 1952 година.

“Моето патување во високата мода беше незаборавно. Споделував толку многу неверојатни моменти со брилијантните талентии дизајнерските тимови. Вашиот исклучителен талент и посветеност ќе остане засекогаш во моите сеќавања. Мојата срдечна благодарност за секоја од  несуедните херои и хероини зад сцената, за нивниот придонес од производ до комуникации и малопродажба, и секој член на глобалниот тим, партнер и снабдувач помеѓу. ”

Пред Живанши, Вејт Келер работеше во Клои и Прингл од Шкотска.