Класичната Мелони ја замени лежерната Џорџија, како патиките еволуираа во штикли


 

Италија- Од лежерна, во патики и светли бои во предизборната кампања, новата премиерка на Италија,  крајнодесничарската политичарка, Џорџија Мелони (45), се трансформира во дама со класичен стил во тегет боја и на високи потпетици,  кога положи заклетва пред италијанскиот претседател Серџо Матарело, како прва жена на оваа функција во историјата на земјата. И фризурата претрпе транцформација на патот до гласачките кутии: сега таа носи долга боб фризура, малку пократка напред, и како поодлучна русокоса.

Сепак, во Италија, како центар на светската мода и стил, протоколот се почитува. Патиките во сите бои, комбинирани не само со панталони, но и со долги плисирани здолништа во нежни бои, од беж до сива до светло сина, и меки џемпери, сега се ставени на страна во плакарите на Мелони, кои на првите протоколарни средби и на средбата со Макрон како прв политичар во светот, избра класични костуми во темни бои,  со или без бела кошула . Ја продолжи стилската приказна од предизборната кампања- ги стави скапите дизајнерски чанти и модни додатоци, исто така, на страна, за да се доближи до народот и електоратот. (Вог, Италија)