Ќучук на средби со Џафери и координаторите на пратеничките групи
Известувачот за Република Северна Македонија во Европскиот парламент Илхан Ќучук кој престојува во земјава во пресрет на усвојувањето на Резолуцијата на Eвропарламентот за извештаите на Европската комисија за земјава за 2019 и 2020 година, денеска ќе има разговори во законодавниот дом.
Ќучук ќе се сретне со претседателот на Собранието Талат Џафери, со координаторите на пратеничките групи на коалицијата „Можеме“, Јован Митрески, на коалицијата „Обнова за Македонија“ Никола Мицевски, на ДУИ Изет Меџити, како и на Алијанса за Албанците и Алтернатива Скендер Реџепи.
Европратеникот Ќучук вчера имаше средби со претседателот Стево Пендаровски, премиерот Зоран Заев, вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров и со министерот за надворешни работи Бујар Османи.