Ќиро Блажевиќ тешко болен од рак


Легендарниот хрватски фудбалски тренер Ќиро Блажевиќ во интервју за словенечкиот Спорт клуб откри дека повторно му бил дијагностициран рак.

Колегите од Словенија го поканија Блажевиќ да разговара за претстојниот натпревар помеѓу хрватските и словенечките фудбалери во Сплит, но за жал дознаа дека легендарниот тренер е тешко болен.

„Драги пријатели, Словенци. Нашата љубов е безгранична. Ти ме сакаш мене и јас те сакам тебе, но морам да ти ја кажам тажната вест. Јас сум многу, многу болен“, откри тажната вест за 86-годишниот експерт на кој повторно му беше дијагностициран рак.

„Ако не би бил таму наскоро, и веројатно нема да бидам, би сакал да ја искористам оваа прилика за да ја изразам својата љубов и да ги поздравам сите мои пријатели во Словенија. Им велам дека можат да бидат горди што се Словенци. Го достигнавте нивото на цивилизација по кое копнееме ние Хрватите. За жал, морам да кажам католичка работа – збогум. Збогум, драги мои Словенци. Жал ми е. Јас сум многу песимист“, изјави Блажевиќ за словенечкиот Спорт клуб.