Ќерката на Навални се прости од својот татко: Животот го даде за Русија, а јас ти ветувам…


Даша Навална, ќерката на починатиот руски опозициски политичар Алексеј Навални, се прости од својот татко на Инстаграм. Воедно објави и постара фотографија на која се гушкаат и се смешкаат.

 

 
 
 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Dasha Navalnaya (@dasha_navalnaya)

„Секој обично вели дека нивните родители се нивни примери. Во мојот случај, тоа е вистина. Тато, ти беше пример за многумина во светот. Твојот оптимизам и заразна, искрена насмевка. Твојата љубопитност и жед за ново знаење. Твојата неверојатна способност да се најде заеднички јазик со сите. Смисла за хумор, упорност, способност да се изберат зборови во вистински момент (или шега што ќе ги опушти другите во тешка ситуација) твојата добрина, верба во добрината, во себе, во луѓето“, пишува Даша Навална.

„Од детството ме научи да живеам според принципи. Да живеам достоинствено, да бидеш горд, а што е најважно, со истата светла насмевка на лицето. Секогаш си бил и ќе останеш мој пример. Мој херој. Мојот татко. Те сакам многу, почивај во мир“, напиша Даша до нејзиниот татко.