Ќерката на Мик Џегер уапсена на Ибица заради напад на полицајци


Мадрид – Џејд Џегер, ќерката на пејачот на Ролинг Стоунс, Мик Џегер, е уапсена на шпанскиот остров Ибица поради напад на полицајци, изјави во четвртокот полициски извор без да даде дополнителни детали.

51-годишната дизајнерка на накит престојувала во хотел на популарниот остров за забави најмалку од 11 мај, според нејзиниот Инстаграм профил.

Таа беше уапсена во средата заедно со маж по расправија во ресторан во главниот град на островот Ибица Таун, објави најголемиот шпански весник Ел Паис, цитирајќи очевидци.

Човекот станал агресивен со келнерите и д војката била исфрлена, според Ел Паис.

Полицијата била повикана откако мажот продолжил да упатува навреди на улица. Кога пристигнале, мажот дал отпор при апсењето, а Џегер, видно пијана,  ги нападнала полицајците со гребење и тупаници, додаде Ел Паис.

Таа ќе се појави на суд во петок, според Ел Паис.

Полицискиот извор одби да ги потврди деталите од извештајот на Ел Паис. Ројтерс не беше во можност веднаш да дојде до Џегер за коментар. (Ројтерс)