Ќерката им била киднапирана пред 51 година, ги спои ДНК тест


 

Семејство во Форт Ворт во Тексас повторно се сретна со својата ќерка која како бебе била киднапирана пред повеќе од 50 години, јави Си-ен-ен. Тие повторно се сретнале откако дошло до совпаѓање на податоците во 23andMe, компанија која прави тестови за ДНК за откривање на потеклото.

Мелиса Најсмит во 1971 година имала неполни две години кога наводно ја киднапирала жената која била нејзина дадилка. Мелиса е одгледана под името Мелани, а живеела во Форт Норт поголем дел од својот живот и никогаш не дознала дека е киднапирана.

Немала поим дека нејзиното семејство ја бара додека не ѝ се јавиле на Фејсбук. Прво мислела дека пораката е измама. „Татко ми ми прати порака на месинџер и рече: „Знаеш, ја барам својата ќерка 51 година“, вели таа.

Официјалното тестирање ги потврдило сомнежите

Семејството ја пронашло благодарение на совпаѓањето на ДНК податоците со едно од нејзините деца по пат на 23andMe. Потоа незините родители се сретнале со неа и направиле официјално тестирање.

„Едноставно не можев да верувам. Мислев дека повеќе никогаш нема да ја видам“, вели нејзината мајка Алта Апантенко.

Казнената истрага застарела пред 20 години, но откако Мелиса наполнила 18 годнии, а одделот рекол дека ќе ја продолжи истрагата за да „ги открие сите достапни информации за киднапирањето на Мелиса кое се случило пред 51 година“.

Шерон Хајсмит, помладата сестра на Мелсиа, вели дека родителите направиле најдобро што можеле со ограничени ресурси. „50 години мојата мајка живееше со вината поради губењето на Мелиса, но и со обвинувањата од заедницата дека веројатно го повредила или убила своето дете. Толку ми е мило што Мелиса се врати. Никогаш не губете надеж“, вели Шерон.