Ќе се заљубите во овој рај на прв поглед: Најголемото „природно огледало“ воодушевува со својата убавина


Рајот на земјата постои и се вика Салар де Ујуни. Оваа најголема солана во светот (малку помала од Црна Гора) се наоѓа во Боливија на надморска височина од над 3.600 метри, а по дождот тенок слој вода ја покрива солената кора и создава нереална глетка – најголемо огледало во светот .

Салар де Ујуни се наоѓа во југозападниот дел на Боливија и е најголемата солена пустина во светот. Има и многу активни вулкани, плитки езера во разни бои (лагуни) и гејзери, кои го прават пејзажот вонземски прекрасен.

Салар де Ујуни се протега на 11 квадратни километри и се проценува дека содржи 10 трилиони тони сол. Под површината се наоѓа езеро со солена вода длабоко до 20 метри, покриено со кора од сол дебела помеѓу неколку десетици сантиметри и неколку метри. За време на дождовната сезона, кога е покриена со вода, се претвора во најголемото огледало на светот.

Во средината на Ујуни се наоѓа Исла де Пескадо, со џиновски кактуси кои растат во просек по еден сантиметар годишно. Климата е студена, сува и ветровита. Во лето, во текот на денот температурата може да достигне 20 степени, додека во текот на ноќта паѓа до -15. Во зима, температурата може да падне до -25 степени.