Ќе се врши вонреден инспекциски надзор во инсталациите кои имаат А интегрирана еколошка дозвола


Фото: Б. Грданоски

 

Министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини на денешниот брифинг информираше дека ќе се вршат вонредни инспекции во инсталациите кои имаат А Интегрирана еколошка дозвола.

– Бараме Државниот инспекторат да соработува со локалниот инспекторат и тие да имаат можност, без најава, да влегуваат во инсталациите и да вршат вонредни инспекциски надзори, посочи Нуредини.

Министерот упати апел до граѓаните да пријавуваат во Инспекторатот за животна средина, доколку забележат загадување.