Ќе се вработуваат 600 лица во МВР


 

Премиерот Христијан Мицкоски најави нови 600 вработувања во Министерството за внатрешни работи. Oгласот ќе биде објавен веќе следната недела, а вработувањата доаѓаат поради тоа што дел природно заминале во пензија, но и да се зајакне МВР кадровски.

„Многу малку се водело сметка за квалитетен кадровски потенцијал во рамките на МВР.. Тоа го согледуваме сега, откако изминавме период од речиси шест месеци, каде што анализиравме, истражувавме и дојдовме до заклучоци дека навистина изминатите години е правен, би рекол, епски криминал и за тоа практично да се санкционира, за да сето тоа излезе пред правдата, ова основано сомневање, потребен е човечки кадровски потенцијал. И во таа насока можам да објавам дека овој месец се планирани нови 600 вработувања во МВР. Така што, МВР очекува веќе следната недела да објави оглас за 600 нови вработувања во рамките на министерството“, изјави Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање на поставување на камен-темелник на доградба на детска градинка „Кокичиња“ во село Таринци, Општина Карбинци.