Ќе се воведува флексибилна работа за студенти


Флексибилна работа за студенти се планира со новите измени за високото образование, нешто што досега не е регулиранов о Македонија. 

– Најважен е квалитетот на високото образование, промена на концептот на студиските програми, намалување на бројот на студиските програми, се соочуваме со недостаток на практични вештини, се соочуваме со голем број на универзитети, а секоја година нашите универзитети паѓаат на ранг-листите – рече Александар Николовски, претседател на Универзитетското студентско собрание, на денешното одбележување на Меѓународниот ден на студентите.

Тој појасни дека се борат за промена на начинот на финансирање на универзитетите.

– Како национално студентско тело сметаме дека треба да се воведе бесплатно високо образование за најдобрите студенти како што е пракса во регионот, за да ги задржиме студентите да не одат во странство – рече Николовски.

Предложен е и ваучер систем со кој ќе се допринесе по дипломирањето младите да останат тука, да основаат стартап или да продолжат со постдипломски и докторски студии. Истиот ваучер систем се предлага и за студентите кои завршиле студии во странство.

Ристо Савески, претседател на МОФ вели дека младите си заминуваат не само поради ниските плати, туку поради големиот недостиг на можности и високото ниво на корупција кое владее во државата.

– Се стремимиме кон квалитетно високо образование против одливот на мозоци, да ги заостриме критериумите за тоа кој може да биде професор кај нас, а кој не би требало и не би смеело да биде. Да го намалиме бројот ан студиски програми, тоа е еден светски врв во однос на големината на нашата земја. Да ги подобриме условите за студирање и да се избориме за таа партиципација за студентите, да им овозможиме што поголем број на бесплатни услуги, да ги дигитализираме универзитетите. Образованието не е локално туку глубално, науката не е локална, туку глобална. Затоа што Македонија не е затворена, туку учествува на глобално ниво – рече Солза Грчева, претседател на Национлното координативно тело за реформи во високото образование.

Владимир Ѓорѓевски од РИКО рече дека тие помагаат преку разни програми и настани да ги вмрежат студентите од регионот и од светот, па преку средби да разменат искуства.