Ќе се воспостави систем за контрола на размножувањето на кучиња


Фото: Б. Грданоски

 За решавање на проблемот со бездомните кучиња недостасува една важна алка, а тоа е регистрација на одгледувачници на кучиња. Во оваа насока, веќе се подготвени предлог-измени и дополнувања на Законот за благосостојба на животните со кои се предвидува воспоставување систем за контрола на размножувањето на кучињата токму преку регистрација на одгледувачници и евидентирање на регистрираните одгледувачи на куче. Со оваа мерка се очекува оние сопственици кои не сакаат да го чуваат својот миленик за репродукција (не сакаат да се регистрираат како одгледувачница или регистриран сопственик на куче), да го стерилизираат, вели директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) Николче Бабовски во интервју за МИА. 

Како што напоменува Бабовски, нема да биде дозволено држење куче кое е репродуктивно способно, освен ако не се работи за одгледувачница за кучиња или регистриран сопственик на куче (една репродуктивно способна женка или еден или повеќе репродуктивно способни мажјаци). Крајната цел е јакнење на принципите за одговорно сопствеништво на домашните миленици и намалување на бројот на бездомни кучиња.

Оценува дека неодговорното сопствеништво и напуштањето на домашни миленици останува еден од најголемите извори на бездомни кучиња. 

Бабовски се осврнува на новата функција во Светската организација за здравствена заштита на животните (WOAH), но, и на најновите бројки во однос на претставките поврзани со безбедноста на храната во земјава.