Ќе се реновира плоштадот кај чинарот во Охрид


Фото: Б. Богдановска

Предвидената реконструкција и уредување на просторот на плоштадот „Крушевска Република“ во Охрид почна со остранувањето на нефункционалната фонтана, што се наоѓаше во непосредно пред Стариот чинар.

– Во овој момент фонтаната ќе биде отстранета, а површината ќе биде соодветно уредена. После добивањето на одобрението за реконструкција на плоштадот веднаш ќе се започне со негова целосна реконструкција, појаснувааат од Општина Охрид.

Фото: Б. Богдановска

Обновата на плоштадот „Крушевска Република” е капитален проект вреден 47 милиони денари. Според нацртот, плоштадот треба да добие нов и модерен изглед со нова урбана опрема, канделабри, осветлување со лед светилки, фонтана, садници, клупи и корпи за отпадоци.

Претходно Националната установа „Завод и Музеј – Охрид“ на локацијата изврши археолошки истражувања за утврдување дали на местото има некаков археолошки материјал, што беше предуслов за отпочување на реализација на проектот.