Ќе се пребројуваат гласовите за претседател на Република Српска, имало математички нелогичности
На итната седница на Централната изборна комисија на Босна и Херцеговина беше донесена одлука за пребројување на гласачките ливчиња за претседател на Република Српска поради „неправилности и математички нелогичности“, соопшти ЦИК.
„ЦИК утрово одржа колегиум на кој разгледуваше забелешки и приговори за текот на изборниот процес во РС за претседател и потпретседател на РС. Имавме материјални докази и видео материјали каде несомнено тој процес беше контаминиран pa не можеше да се дадат резултатите од изборите. ЦИК одлучи да издаде наредба: ЦИК по службена должност му наредува на главниот центар за броење да ги отвори вреќите и повторно да ги преброи гласачките ливчиња и гласачките ливчиња во округот Брчко за претседател на РС“, изјави претседателот на ЦИК Суад Арнаутовиќ, пренесува Н1 Сараево.
За оваа одлука гласаа шест членови на ЦИК, а против беше само Владо Рогиќ.
Резултатите во главниот броен центар ќе бидат јавно објавени.
Опозицијата во Република Српска со денови бара да се повтори пребројувањето на гласовите и дека нивниот кандидат за претседател на РС, Јелена Тривиќ, е победник на изборите.