Ќе се почитуваат препораките од УНЕСКО-средба на Стефоска со градоначалникот на Охрид


Фото: Б. Грданоски

Министерката за култура, Ирена Стефоска, денеска ја реализира најавената посета на Општина Охрид и средбата со градоначалникот, Кирил Пецаков.

На работната средба било разговарано за активностите што се реализираат, како и за активности што треба да се преземат во насока на зачувување на статусот на Охридскиот регион како подрачје заштитено од УНЕСКО.

Пецаков ја информирал Стефоска за чекорите кои што Локалната самоуправа ги презема во таа насока, како и за средбите што ги остварил со претставници на институциите инволвирани во односната проблематика.

Притоа Стефоска нагласила дека Министерството за култура целосно стои на располагање на Општина Охрид за сите активности што треба да се преземат, како и оти ќе учествува во посредување на остварување средби помеѓу градоначалникот и сите релевантни институции од државата и странство.

На средбата бил констатиран заедничкиот интерес од продолжување на веќе воспоставената практика во исполнувањето на препораките од УНЕСКО.