Ќе се мажи актерката Јана Стојановска


Македонска актерка и ексмис на Македонија Јана Стојановска (34)  ќе се мажи со српскиот кошаркар Андрија Бојиќ кој живее во Скопје. Двојката ја најавила свадбата на 22 јуни во Белград , а чека и бебе.

Јана е родена во актерско семејство: внука на доајенот на македонскиот театар и филм Ацо Јовановски, ќерка на глумците Ненад и Силвија Стојановски и сестра на Ана Стојановска, која јавноста ја познава од многу филмски и театарски проекти, како и музички спотови.

Фото: Б. Стоилковски