Ќе се конституира Интерпартиска парламентарна група за правата на лицата со хендикеп


Во Собранието денеска ќе се одржи работна средба за конституирање Интерпартиска парламентарна група (ИППГ) за правата на лицата со хендикеп.

Најавени се обраќања на претседателот на Собранието, Талат Џафери и на амбасадорката на Обединетото Кралство, Рејчел Галовеј.

Во рамки на средбата ќе биде презентиран краток историјат за досегашната работа на ИППГ, по што ќе биде конституирана Интерпартиската парламентарна група за правата на лицата со хендикеп, а ќе бидат избрани и нејзин претседавач и заменик-претседавачи.