Ќе се гради кружен тек кај комплекс банки
Кружен тек нај комплекс банки или кај „Веро – Џамбо“ ќе се изгради во наредниот период, а тоа треба да придонесе за растоварување на сообраќајот на оваа крстосница.
Со ребалансот на буџетот на Град Скопје, се планира изградба на кружен тек кај комплекс банки, крстосница, која редовно, секој ден, особено во шпицот наутро и попладне, го закочува и успорува сообраќајот нво Скопје.
На крстосницата меѓу булеварите „Кузман Јосифовски – Питу“ и „Кочо Рацин“ на овој начин ќе се олесни транзитот на граѓаните, сметаат градските власти.
Пари за оваа намена се обесбедуваат преку Предлог-Програмата за измена на Програмата за градежно земјиште 2026.