Ќе се формираат подрачни одделенија за онкологија и радиотерапија низ државата
Министерството за здравство ќе треба да достави акциски план со конкретни рокови и правни модалитети за централизирање на дејностите онкологија и радиотерапија во рамките на ЈЗУ УК за Радиотерапија и Онкологија – Скопје со основање подрачни одделенија во ГОБ „8ми Септември” – Скопје, КБ Штип и КБ Битола, како и низ останатите градови во државата.
Оваа одлука ја донесе Владата на вчерашната седница.
На седницата, како што соопшти владината прес-служба, беше усвоена и Информацијата за прогресот на активностите за јавна набавка на медицинска опрема за потребите на ЈЗУ – Универзитетска клиника за кардиологија.