Ќе продолжи со изградба надградбата на ООУ „Ацо Шопов“ во Радишани

Во заедничка соработка со Министерството за образование и наука ги надминавме проблемите со кои се соочивме при изведба на новата надградба на ООУ „Ацо Шопов”, информираше градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски преку социјалните мрежи.
Новиот објект ќе содржи нови четири училници, со модерен хол, тоалети и сите други неопходни простории.
Тој најави и нов мега-капитален проект во дворот на ООУ „Ацо Шопов”.