Ќе има штета ако Мета стави крај на проверките на факти


Ќе има „штета во реалниот свет“ ако Мета ја прошири својата одлука да ја укине проверката на фактите на Фејсбук и на Инстаграм надвор од САД, објави Меѓународната мрежа за проверка на факти.

„Ако Мета одлучи да ја прекине програмата ширум светот, речиси е сигурно дека ќе резултира со штета во реалниот свет на многу места“, соопшти мрежата од повеќе од 130 организации.

Предупредувањето е дека некои од повеќе од 100 земји со слични програми се „многу ранливи на дезинформации“ што поттикнуваат насилство.

Меѓународната мрежа за проверка на факти (IFCN) почна со работа во 2015 година за да ја обедини растечката заедница на проверувачи на факти ширум светот. Мрежата се залага за интегритет на информациите во глобалната борба против дезинформациите и поддржува проверка на факти преку вмрежување, градење капацитети и соработка. Мрежата на IFCN допира до повеќе од 170 организации за проверка на факти ширум светот преку застапување, обука и глобални настани.