Ќе има ли нови вработувања по етнички клуч?

Фото: Б. Грданоски

Во Агенцијата за администрација досега нема пристигнато барање за објавување јавен оглас за вработување на 800 административци, тврдат од Агенцијата, откако во медиумите се објави таква информација.

Според информацијата, следната недела ќе биде објавен оглас за вработување на 640 Албанци, а останатите 160 лица од другите етнички заедници. Министерството за информатичко општество и администрација и Владата сѐ уште молчат за оваа информација која предизвика лавина рекации, бидејќи и без нив има вработени според Рамковниот договор што не одат на работа, а земаат плата.

Од  Министерството за политички систем, пак, тврдат дека станува збор за лажна информација и затоа ,велат, немаат што да коментираат околку наводниот оглас.

Информацијата за вработување 800 нови административци по етнички клуч ја објави весникот „Лајм“ кој тврди дека ја добил од извори во ДУИ. Изворот за весникот тврди дека огласот за овие вработувања ќе биде објавен слдната недела.

– Сега е полесно. Првиот вицепремиер е од редовите на ДУИ, Артан Груби, министерот за финансии е наш, Фатмир Бесими. Ќе има повеќе вакви конкурси за да се постигне соодветна застапеност предупредуваат од ДУИ, носејќи ги овие долгоочекувани информации од јавноста, особено од младите штотуку дипломирани – вели изворот за „Лајм“.

Весникот тврди и дека се подготвуваат и измени во Законот за државни службеници со кои ќе се оневозможи на местата предвидени за Албанци и припадници на други етнички групи да се вработуваат Македонци кои дале лажна изјава за национална припадност.