Ќе го освои ли Ѓоковиќ кралството на Надал


Рафаел Надал против Диего Шварцман го одигра најдобриот меч од избивањето на епидемијата на корона вирусот (Фото: АФП)

Пред утрешното финале светскиот рекет број 1 влегува како умерен фаворит. Но Ролан Гарос е кралството на Надал и затоа таа предност не значи ништо

 

Рафаел Надал го поседуваше Ролан Гарос речиси цела кариера. Дали Новак Ѓoковиќ ќе го преземе закупот во недела попладне зависи од два фактора: желбата на Шпанецот и вратот на Србинот.

Низ шест меча немаше знак дека шампионот слабее, бидејќи тој се бореше да го освои секој сет. Дали телото на Ѓоковиќ – особено таа област што се протега надолу од врвот на ‘рбетот до врвовите на прстите – може да се одржи под притисок на шампионот е помалку сигурно, без оглед на силата на неговиот напад да го победи Стефанос Циципас во пет сета. Другото полуфинале, она на Надал и Диего Шварцман имаше свои вознемирувачки моменти, но имаше малку сомнеж дека тој нема да победи.

Одговорот ќе пристигне на крајот на 53-то Отворено првенство на Франција.Откако дебитираше во 2005 година Надал има освоено 12 титули и со ова кралство владееше од Мајорка.

Ѓоковиќ го наведе нивниот меч пред пет години како причина да се верува дека има пристојни шанси за победа. Она што тој го донесе во дискусијата е елементот на неизвесност што ги прави големи спортски прилики незаборавни. Кога минатата година спаси две меч топки за да го запре Роџер Федерер во финалето на Вимблдон, тој потврди дека неговиот дар за вознемирување на неговите врсници е силен како и секогаш.

Џим Куриер, Американецот кој победи двапати овде, е несигурен како и повеќето за исходот. „Рафа беше прекрасен“, рече тој на Ај-ти-ви. „Ми се допаднаа прилагодувањата што ги направи од натпреварот во Рим [кога загуби од Шварцман во четвртфиналето]. Ми се допадна што тој малку ја менуваше позицијата за враќање на сервисот.

Тој беше во нормална форма на Рафа, како што бевме навикнати да гледаме на овој турнир. Тој не е предизвикан премногу. Тој влезе свеж во уште едно финале и знае дека ќе биде тежок натпревар. Toе биде колосална битка помеѓу овие два титани. Едноставно е прекрасно да се видат овие двајца неверојатни играчи како го прават тоа повторно на Ролан Гарос во финалето со толку многу случувања.

Ќе биде тешко да се завршат поените. Ќе биде постудено во недела… и дропшотот ќе биде клучен за двајцата. Рафа е малку поудобен со форхенд-ударот, а Новак е малку поудобен на бекхенд. Тоа ќе го имаме  сигурно во финалето “.

Тоа се стратегии и тактики. Она што е потешко да се измери е чувството и инстинктот. Крис Еверт, Американка кој триумфираше во Париз, се чини дека му дава повеќе шанси на Ѓоковиќ. „Новак на моменти не е човек“, рече таа за Еуроспорт. „Го гледам Надал и гледам воин, кој се бори за сè. Тој ќе остави крв на теренот. Го гледам Ѓоковиќ и гледам повеќе робот, но во добра смисла. Менталниот дел од неговата игра е на ниво пред сите други. Прекрасно е“.

Доколку Ѓоковиќ победи, ќе треба да игра до својата 43 година и да го освојува секој француски грен слем турнир за да стигне до бројкатана Надал во Париз, каде што Отворената ера започна во 1968 година.

Во прашање е поголема награда. Победил или загубил во недела, Ѓоковиќ е фаворит да ги престигне Надал и Роже Федерер во акумулирање на најголем број трофеи низ четирите грен слема. Заедно тие имаат 56, од кои 20 припаѓаат на 39-годишниот Федерер, 19 од нив има Надал и 17 се сопственост на Ѓоковиќ, кој е помлад една година од неговиот активен ривал.

Но, сето тоа е историја, минато, сегашност и она што доаѓа. Она што е важно е финалето на крајот на еден бизарен и важен турнир што за малку воопшто немаше да се одржи за време на пандемијата на корона вирусот.

Пред дневната елита од 1.000 гледачи што е дозволено да влезат како да е кралски банкет во Версај, Надал и Ѓоковиќ би требало да се дојде до најверојатниот заклучок. Ќе оди во пет крвави сета – и Надал повторно ќе биде шампион. (Гардијан)