(Видео) Ќе го наследи ли малиот Тиаго славниот татко Лионел Меси?


Седумгодишниот Тиаго Меси, најстариот од трите сина на фудбалската ѕвезда Лионел Меси, деновиве го предизвика вниманието на медиумите откако на интернет се појави видео како игра за детската екипа на Барселона. И не само тоа, туку малиот Тиаго, кој го носеше дресот со бројот 10, како и неговиот славен татко, постигна два гола за својот тим.

Станува збор за видео клип од тренинг натпревар во кој настапуваат најмладите членови на познатиот каталонски клуб, во кој игра и Меси. Каталонските портали не ја пропуштија можноста да ја објават снимката и да прашаат дали можеби е ова почеток на приказната за уште еден Меси.

Впрочем, проценете сами од видеото…