„Ќе бидете кренати во воздух“ – евакуирано градското собрание во Подгорица


„Ќе бидете кренати во воздух“, поради ваква порака е евакуирана зградата на градското собрание на Подгорица.

Работник околу 19 часот ја пронашол пораката со закана, пишува Вјести. Полицијата е на лице место и врши антитерористички проверки, а пристигнуваат и екипи на Итната помош. Во тек е евакуација на објектот.