Ќе биде затворен патот од Велес до Градско


 

Делницата Велес – Градско, делот од селото Виничани до Винарија „Стоби“ на регионалниот пат и денеска, поради асфалтирање, е затворена за сообраќај од 08. до 16 часот, информира АМСМ.

Според АМСМ ообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на патните правци надвор од градските средини е умерен, а на граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.