Китаровиќ и натаму е најпопуларен политичар во Хрватска


Хрватската претседателка Колинда Грабар-Китаровиќ и натаму е најпопуларен политичар во земјата, покажуваат резултатите од последната анкета на  „Кробарометар” на агенцијата Ипсос, што ја објави хрватската телевизија Нова.

Позитивен впечаток за неа имаат 52 отсто на испитаниците, а за 40 отсто е негативен.

Грабар Китаровиќ, меѓутоа, во споредба со претходните истражувања изгубила 15 отсто од подршката кога станува збор за популарноста, наведува порталот Индекс.

Втор по популарност во земјата е поранешниот претседател на хрватскиот Парламент и лидер на партијата Мост, Божо Петров, чија работа ја поддржуваат 38 отсто од анкетираните, додека на трета позиција е градоначалникот на Загреб, Милан Бандиќ, исто така, со 38 отсто поддршка, но со поголем процент на луѓе кои сметаат дека не работи добро.